Промени тема
Контакт

Безживотно тело извлечено од Варадар кај велешко село: на ова место и во минатото имаше повеќе трагични случаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
vardar-potraga
Илустрација / Скопје1

Безживотно тело, вчера (30 ноември) е пронајдено во водите на реката Вардар кај велешкото село Уланци. По дојава од граѓани, екипите на Територијалната противпожарна единица Велес излегле на терен и со едно возило и двајца пожарникари-спасители го извлекле телото од реката. Случајот веднаш е предаден на надлежните служби.

— реклама —

Основното јавно обвинителство Велес потврди дека е издадена наредба за обдукција со цел утврдување на идентитетот на починатото лице и причината за смртта. Надлежната обвинителка Цветанка Богоевска изјави дека се преземени првичните истражни дејства и дека истрагата продолжува за да се разјаснат сите околности поврзани со настанот.

— реклама —
— реклама —

Овој дел од реката Вардар во минатото бил место на повеќе трагични случаи. Во јули 2025 година, по шестдневна потрага, беше пронајдено телото на 16-годишната Теодора Б., која исчезна во водите на реката кај Уланци. Претходно, во јануари 2018 година, во истиот предел беше пронајдено и телото на 77-годишен маж со иницијали А.Н.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

vardar-komiti

(Видео) Вардар даде четири гола во дербито со Силекс

Спорт | пред 1 час

275674074_496133758650915_6676344617483907180_n

Херојска акција во центарот на Скопје: Двајца граѓани скокнаа во Вардар и спасија жена

Скопје | пред 2 седмици

DSC_0292

Брза интервенција спречи трагедија: Маж извлечен од Вардар од очевидец кој видел дека се дави, пренесен е во болница

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryh7f1fft81snm55RzKG9

(Видео) Комитите го „запалија“ Скопје пред шампионската прослава на Вардар

Сцена | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања