Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Бил Гејтс: Вештачката интелигенција би можела да предизвика милијарда жртви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-librarypmcm6mhedpo9aULCyw2

Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, предупреди дека вештачката интелигенција би можела да предизвика настани со милијарда жртви доколку биде злоупотребена од злонамерни лица.

— реклама —

Во интервју за Ен-би-си, Гејтс оцени дека вештачката интелигенција е доволно моќна за да предизвика последици со катастрофални размери и повика на воспоставување соодветни правила и надзор врз развојот на технологијата.

„Вештачката интелигенција секако е доволно моќна да предизвика настани што би довеле до милијарда мртви“, рече Гејтс, одговарајќи на прашањето дали технологијата би можела да го уништи човештвото.

— реклама —

Тој предупреди и на можноста моќните алатки за вештачка интелигенција да бидат искористени од злонамерни луѓе.

— реклама —

„Никогаш немало оружје толку моќно како комбинацијата од злонамерни луѓе и најновите алатки на вештачката интелигенција“, изјави Гејтс.

Според него, саморегулацијата не е доволна и потребно е во процесот да се вклучат надлежните институции и политичарите.

Дебатата за регулирањето на вештачката интелигенција повторно се засили по серија хакерски инциденти, по што водечки компании, меѓу кои „Опен АИ“ и „Антропик“, најавија подготвеност да го забават развојот на технологијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypmcm6mhedpo9aULCyw2

Бил Гејтс: Во споредба со вештачката интелигенција, нуклеарното оружје изгледа безопасно

Технологија | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarypmcm6mhedpo9aULCyw2

Бил Гејтс предупредува: Вештачката интелигенција може да биде многу опасна

Свет | пред 1 месец

media-librarypmcm6mhedpo9aULCyw2

Бил Гејтс предупредува: „Можеме да ја изгубиме контролата врз вештачката интелигенција“

Технологија | пред 1 месец

media-librarypmcm6mhedpo9aULCyw2

Бил Гејтс призна: Можно е да сум бил во друштво на жртви на Џефри Епстин

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања