Промени тема
Контакт

Биле многу блиску до еден од најсмртоносните терористички напади во Британија: двајца мажи добија затворски казни од 37 и 26 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryrg0lc916kgpi1Bgkn0k

Двајца мажи во Велика Британија се осудени на долги затворски казни поради планирање убиство на стотици луѓе од еврејската заедница во Англија, инспирирани од нападите на терористичката организација Исламска држава. Обвинителството оцени дека планираниот напад можел да биде посмртоносен од масовната престрелка на плажата Бонди во Сиднеј.

— реклама —

Според обвинението, Валид Саадауи (38) и Амар Хусеин (52) биле исламски екстремисти кои планирале да употребат автоматско огнено оружје за да убијат што е можно повеќе Евреи во напад во Манчестер.

— реклама —

Двајцата биле прогласени за виновни нешто повеќе од една седмица по масовната престрелка за време на прославата на еврејскиот празник Ханука на плажата Бонди, каде што беа убиени 15 лица.

Обвинителот Харприт Сандху изјави дека доколку Саадауи и Хусеин го реализирале својот план, нападот „би бил многу посериозен“ од нападите во Австралија, како и од нападот врз синагога во Манчестер во октомври, кога загинаа две лица.

— реклама —

Судијата Марк Вол го осуди Саадауи на минимална казна затвор од 37 години, а Хусеин на минимална казна од 26 години. „Бевте многу блиску до спроведување на овој план“, им порача судијата на обвинетите.

— реклама —

Тој нагласи дека станува збор за заговор кој „веројатно би бил еден од најсмртоносните терористички напади некогаш изведени на британска територија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysif82d9m6m5h6XIJr9q

(Видео) Во Велика Британија работник со хокеарска палка се одбрани од разбојник со мачета

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-librarydeovc8fn0ah85BKsrRr

Петмина уапсени под сомнение за тероризам во американска воздухопловна база во Британија

Свет | пред 6 дена

media-library3cug5ap9b9p1btNQd79

Сепаратистите од Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружија: „Нашите нации имаат право на самоопределување“

Свет | пред 2 седмици

media-library18is0v5m70uvdiDcyVe

Речиси 500 мигранти за еден ден пристигнаа во Британија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања