Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Билка“ предупредува: Заплените со канабис се последица на погрешни политики и отсуство на институционален надзор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryo5s4n44pvfppcTPItUp

Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА со сериозна загриженост ги следи последните настани поврзани со заплената на пет тона македонски канабис во Србија, како и десетици тона канабис запленети во Македонија, оценувајќи дека станува збор за директна последица на долгорочно погрешни јавни политики и слаб институционален надзор.

Од здружението посочуваат дека ваквата состојба е резултат на децениска погрешна политика, несоодветни законски решенија и нивна погрешна или селективна имплементација. Според БИЛКА, постојните законски рамки со години наназад исклучиво го фаворизирале бизнис-секторот, додека пациентите, за кои формално и декларативно бил наменет медицинскиот канабис, биле оставени на маргините.

— реклама —

БИЛКА потсетува дека во повеќе наврати јавно алармирала и доставувала конкретни предлози за законски измени, кои требало да овозможат квалитетни медицински производи од канабис, достапни за пациентите, како и дестигматизација и декриминализација на рекреативните корисници. Наместо тоа, како што наведуваат, системските пропусти довеле до ширење на сивата зона и до сериозни злоупотреби.

— реклама —

Во реакцијата се отфрлаат барањата на дел од помалите политички партии за целосно укинување на можноста за одгледување медицински канабис. Според здружението, таквите барања се беспредметни и погрешно насочени, бидејќи злоупотребите не произлегуваат од самата можност за одгледување, туку од повеќегодишниот пропуштен надзор и неисполнување на законските обврски од страна на надлежните институции, пред сè Министерството за здравство, Министерството за земјоделство и Министерството за внатрешни работи.

БИЛКА упати итен апел до сите парламентарни партии да започнат сериозна и одговорна работа на носење Lex Canabis, како посебен закон, кој конечно и системски ќе го уреди ова прашање. Според здружението, вакво законско решение е неопходно за пациентите да не зависат од црниот пазар, рекреативните корисници да не бидат криминализирани, индустрискиот коноп повторно да се врати на македонското поднебје, а во исто време државата да воспостави транспарентен и контролиран систем кој, секундарно, може да придонесе и за полнење на буџетот.

— реклама —

Од БИЛКА порачуваат дека без суштински законски промени и вистинска политичка волја, актуелните скандали со канабис ќе продолжат, а штетата ќе ја плаќаат и пациентите и општеството во целина.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

marihuana

Виничанец ќе добие кривична пријава поради една семка марихуана

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarymqb4ql6p874feD3Wk6D

(Видео) Македонија, Косово и Грција во заедничка акција: Уапсени повеќе лица, запленети 300 килограми марихуана

Македонија | пред 3 месеци

media-library73gfoge86c3a2DFj7L5

Татко и син фатени со пет килограми марихуана: Дрога и дигитални ваги пронајдени при претреси во Скопје и Арачиново

Скопје | пред 3 месеци

UaYct-

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања