Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Битиќи: Од новата владејачка коалиција не може да очекуваме владеење на правото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3574

„Имавме два клучни моменти во државата, кои не ми даваат воопшто причина да верувам дека ќе имаме добро владеење. Заклетвата на претседателката на државата беше непочитување на Уставот, а изјавата на претседателот на Собранието беше непочитување на законите. Ако не почитувањето на Уставот и законите од највисоките претставници на власта е нормална појава, тогаш нивната одлика ќе биде непочитување на владеењето на правот“, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Клан дебата“, која се емитува на ТВ Клан Македонија.

— реклама —

Тој се осврна и на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за заем од една милијарда евра, кој го оцени како прекршување на начелото на добро владеење.

— реклама —

„Како е возможно лидер на опозиција да преговара заем, тоа го нема никаде во светот. Тоа не е начело на добро владеење, тоа е надвор од институционалното водење на државата, тој нема мандат да преговара за заеми далеку од очите на јавноста“, рече Битиќи .

— реклама —

Битиќи појасни дека не може да се каже дека нема да има уставни измени, кога кај еден од коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ европските интеграции на државата се поставени како услов.

— реклама —

„Очигледно е дека во политичка кампања може да се излаже било што, граѓаните ќе увидат дека ќе има уставни измени, Бугарите ќе бидат во Уставот, а можеби и други, коишто и не се споменувале, како што се Грци, како и од други соседни земји. Сето тоа ќе биде направено под изговор за динамизирање на европските интеграции“, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Клан дебата“, која се емитува на ТВ Клан Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања