Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Битиќи: Ребалансот е на штета на домашните компании

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Ребалансот е на штета на домашните компании, Владата нема системски одговор на економските предизвици, вака може да не турне во провалија бидејќи ја нарушува стабилноста и одржливоста на системот, граден во услови и на најголеми кризи, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, во интервју за порталот „Локално“.

— реклама —

Битиќи нагласи дека проекциите за буџетскиот дефицит и зголемувањето на јавниот долг се навистина загрижувачки и покажуваат недостаток на одговорност и далекувидност од страна на новата влада, кај која не се артикулира јасна визија и стратегија за развој.

-Се предвидува дефицит од фрапатни 4,9% и динамика на зголемување на јавниот долг на ниво од 68%. Ова се економски индикатори кои укажуваат на отсуство на намера и способност државата да се води кон стабилност и просперитет. Со овој раст на дефицитот и јавниот долг, успеваат да создадат множество на реални ризици кои ќе ја поништат и драматично намалат реалната куповна моќ на пензионерите со предвиденото линеарно покачување. Во оваа ситуација, покачувањето на пензиите станува празно ветување, потенцираше Битиќи.

— реклама —

Битиќи нагласи дека со овој раст на дефицитот и долгот растат и ризиците по кредитниот рејтинг и довербата на државата, односно може да доведат до намалување на довербата кај меѓународните инвеститори и кредитори.

— реклама —

-Но ова очигледно не им е грижа, бидејќи премиерот гради вонинстиуционална и во четири очи доверба со Влади кои имаат поинакви политички и економски разбирања од оние на развиените западноевропски држави, вели Битиќи.

Тој нагласи дека со овој ребаланс е донесена една од најнеодговорните одлуки на Владата со која се предизвикува директна штета на домашните компании.

— реклама —

Финансиските средства кои се реализираат преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде 99% корисници се домашни компании, се кратат за речиси 5 милиони евра, а дополнително кратат и околу 2,5 милиони евра наменети за привлекување странски директни инвестиции и развој на слободните економски зони, истакна Битиќи во интервју за порталот „Локално“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања