Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Битиќи: Вонинституционално најавеното задолжување ќе го зголеми јавниот долг на 66% од БДП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

„Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ вели дека јавниот долг ќе се зголеми над 60% од БДП. Контрадикторно е дека ова никаде не е споменато во нивната програма Платформа 1198 , но со најавеното задолжува од една милијарда евра јавниот долг ќе биде 66% од вредноста на БДП“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во неговото гостување во емисијата „24 Анализа“, која вчера вечер се емитуваше на телевизија 24.

— реклама —

Коментирајќи ја најавата на Христијан Мицкоски за задолжување на државата од една милијарда евра, Битиќи посочи дека во јавноста имаме промена на реториката, она што до вчера беше важно, веќе денес се релативизира.

— реклама —

„Одеднаш се зборува дека не е важно колкав е процентот на јавниот долг, до вчера беше, не е битен начинот на задолжување, до вчера беше, не е битно кој ти дал овластување за да преговараш за долг од една милијарда евра, до вчера беше, сега се тоа не е важно, важно е само да се дојде до една милијарда евра“, рече Битиќи и посочи дека станува збор за вонинституционално преговарање за кое Мицкоски никој го нема овластено да го прави тоа. “Треба прво да се формира влада, да се влезеле во институциите, па институционално да се водат преговорите за задолжување, па потоа да се каже исходот од задолжувањето“, нагласи Битиќи и додаде дека станува збор за нелегитимно преговарање во четири очи за задолжување на државата.

— реклама —

Пратеникот Битиќи истакна дека со задолжувањето на овој начин се испраќа порака дека идната влада сака да се откаже од 840 милиони евра од Европската комисија, наменети за Македонија преку Планот за економски раст на ЕУ.

— реклама —

„Тоа се средства со кои државата се обврзува да направи одредени реформи, кои се со подобри и поповолни услови отколку позајмицата од една милијарда евра“, рече Битиќи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања