Промени тема
Контакт

Бивши кинески министер за земјоделство осуден на смртна казна поради корупција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-library1d340dt4ii775D5aLA9

Поранешниот кинески министер за земјоделство, Танг Ренџијан, денеска е осуден на смртна казна со одложено извршување поради примање мито, на судење во провинцијата Џилин.

Судот утврди дека Танг, во периодот од 2007 до 2024 година, примал мито во готовина и имот во вредност од над 268 милиони јуани (37,6 милиони долари) на различни позиции кои ги извршувал. Казната е одложена на две години бидејќи осудениот ги признал своите дела.

— реклама —

Танг Ренџијан беше исклучен од Комунистичката партија во ноември 2024 година, шест месеци по тоа што антикорупциската агенција покрена истрага, по што беше разрешен од функцијата.

— реклама —

Кинескиот претседател Си Џинпинг уште во 2020 година ја започна кампањата за чистки во безбедносниот и политички апарат, со цел полицијата, обвинителите и судиите да бидат „апсолутно лојални, апсолутно чисти и апсолутно доверливи“.

— реклама —

Танг беше гувернер на западната провинција Гансу од 2017 до 2020 година, пред да биде именуван за министер за земјоделство. Во јануари годинава, Си предупреди дека корупцијата останува најголема закана за Комунистичката партија на Кина и оти таа и понатаму е во пораст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7tv9v9fvadlud4al5Jh

(Видео) Кинески брод се судри со товарен брод под панамско знаме

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library8ekf8jkntg25a9IMKVn

Пред средбата со Си, Трамп доби барање: Не дозволувајте влез на кинеските автомобили

Свет | пред 2 дена

media-libraryresjc760pck67ro2HIE

Природните катастрофи во Кина предизвикаа штета од 4,7 милијарди евра: 595 лица загинати или исчезнати

Свет | пред 3 дена

media-librarylqlj39ner6aqdorcJsr

Кина воведе построги ограничувања за патувања во странство

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања