Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Бизон, школки, карпачо на менито на Бисера Антоанета во Виена, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_6308

Бисера Антоанета со народни пари вечерала бизонско филе, телешко карпачо и школки за 400 евра во луксузен ресторан во Виена, вели Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Покрај лускузниот трособен стан за 4 ноќи, платен 1200 евра, Антоанета јадела луксузно. На една од сметките кои Бисера Антоанета ги доставила до Министерството за култура и за која земала државни пари се гледа дека истата за една вечера потрошила 403 евра, таа вечера ја платиле граѓаните“, вели Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Антоанета вечерала во луксузниот виенски ресторан Дистрикт, а на нејзината маса се нашле школки, бизонско филе, телешко карпачо, сето тоа платено од народот.

— реклама —

Бисера Антоанета не штедела ниту во ресторанот Соле, каде за еден ручек платила 249 евра, а за вечера во истиот ресторан 212 евра. Овде на менито на Антоанета била италијанска храна.

— реклама —

Само за овие три ресторански посети Бисера Антоанета платила 846 евра или 53.136 илјади денари.

Да добро слушате, Бисера Антоанета за еден ручек и две вечери со народни пари платила колку што изнесува месечна потрошувачка кошничка за цело семејство.

— реклама —

Ја прашуваме Бисера Антоанета дали овие трошоци биле нужни? Дали можело поевтино? Зошто ги одбрала овие ресторани? Како правда 3000 евра трошок за 4 дневно патување во Виена“, прашува Миле Лефков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library6viqn16kv3s18uVhTwt

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-library9phfssvrqs862pkSKj0

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Филипче го следи Мицкоски, така ќе научи како се води држава и се работи во интерес на граѓаните

Македонија | пред 16 часа

market-pari

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

Македонија | пред 20 часа

media-library2352l8gcech06R73Pe3

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања