Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Блокада на центарот на Скопје кај Рекорд од 09 часот, дел од работниците им се лути на пратениците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library42aeoov8l6n79rPDwsK

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, најави блокада на пратениците пред Собранието на Република Македонија, поради, како што вели, игнорирањето на работничките барања за зголемување на платите и истовремениот луксуз во кој уживаат народните избраници.

— реклама —

Блокадата е најавена за утрово, со почеток во 9 часот, и ќе се одржи пред Собранието, односно на улиците „11-ти Октомври“ и „Даме Груев“. Според Трендафилов, симболично, 42 работници ќе ги блокираат пратениците, со пораката „ако 21 плус 21 се 42, тогаш 42 работници ќе стојат пред оние што одлучуваат за нивната судбина“.

— реклама —

Причината за протестот, како што посочи, е фактот што пратениците во 2025 година зеле вкупно 14.369.470 денари за патни трошоци, додека истовремено не поддржале зголемување на минималната плата, ниту зголемување на останатите плати за најмалку 6.000 денари. Како рекордери по висина на патни трошоци, според информациите што ги изнесе, се наведуваат Кире Божиновски од Битола со 637.233 денари и Петар Ристески со 602.187 денари.

Трендафилов истакна дека пратениците покажуваат целосна глувост кон работничките барања, иако, како што нагласи, токму работниците им го дале мандатот. Тој потсети дека платите на пратениците веќе се зголемени за 79 отсто, а дополнително може да пораснат уште за 21,8 отсто, доколку Уставниот суд ја укине уредбата на Владата и се земе предвид растот на просечната плата.

— реклама —

„Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 евра за работниците – тоа е срамно“, порача Трендафилов, додавајќи дека работниците бараат минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а сите други плати да пораснат за најмалку 6.000 денари или за разликата што ќе произлезе од зголемувањето на минималната плата.

— реклама —

Според него, пратениците ќе мора да направат избор – дали ќе гласаат за сопствениот комодитет или за работниците кои ги избрале. „Или ќе застанат на страната на работниците, или јавно ќе покажат дека гласаат против нив“, порача претседателот на ССМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

SSM-696x419

ССМ: За четиричлено семејство потребни се над 68.000 денари, храната „голта“ третина од семејниот буџет

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
SSM-696x419

ССМ: Македонија повторно меѓу најлошо рангираните земји за работнички права

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo1rmu63iposg6MNYk97

За живот на четиричлено семејство во мај потребни речиси 69.000 денари

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjub639rmhgfd8ZZKEva

Мицкоски за протестот на ССМ: Тадиционални првомајски активности, демократско право е да се бараат подобри услови

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања