Промени тема
Контакт

Богоев е уапсен поради сомнение за местење тендери, ова е вистинското лице на СДСМ, вели Лефков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryqeuec3dfct1m5eCnL9I

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска излезе со серија обвинувања кон СДСМ, откако поранешниот директор на Царинската управа и поранешен потпретседател на партијата, Стефан Богоев, беше опфатен во истрагата што ја спроведуваат Финансиската полиција и Обвинителството.

Лефков тврди дека Богоев е осомничен за местење тендери за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и царински терминали.

„Поранешниот потпретседател на СДС и поранешен директор на Царина, како и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев е уапсен поради сомнение за местење на тендери за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали“, изјави Лефков.

— реклама —

Тој посочи дека на веб-страницата за јавни набавки може да се видат повеќе тендерски постапки поврзани со оваа намена, за кои, според него, потпис ставил Богоев.

— реклама —

„Повеќето ги добиле јавни претпријатија, а два тендери кои ги добила битолска фирма се со највисока вредност и во износ од околу 350 илјади евра“, рече Лефков.

Во изјавата тој го спомена и Александар Спирковски – Џемо од Прилеп, за кого тврди дека е опфатен со истата истрага.

— реклама —

„Ова е вистинското лице на СДС. Афери, тендери, рекети и криминал. Одговорност за криминалите на СДС мора да има“, порача Лефков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfp25jhtgimhs0uVbyWP

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library24ubprpnhmtlb1oaiUB

(Видео) Лефков: Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryvle5a30ce9i72ESJSCs

Лефков: Филипче и „лојалистите“ повторно се вратија на политиката на поделби

Македонија | пред 1 месец

media-library3i537g3oi4o39L2SJDh

Лефков: Македонија е лидер во спроведувањето на Реформската агенда, СДС, ДУИ и Левица го попречуваат изборниот процес

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања