Промени тема
Контакт

(Видео) Лефков: Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library24ubprpnhmtlb1oaiUB

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ се обидува да ја избегне политичката одговорност за состојбата во Гостивар, иако, според нив, заедно со градоначалникот Лимани ја дели локалната власт.

На денешната прес-конференција, пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, оцени дека СДСМ во изминатиот месец не побарал одговорност од Лимани, ниту ја признал сопствената политичка одговорност како партнер во локалната власт.

„Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар“, изјави Лефков.

— реклама —

Тој обвини дека наместо да преземат одговорност за кризата со водоснабдувањето, од СДСМ продолжиле со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ за состојбата на локално ниво.

Според Лефков, поради, како што рече, неспособноста на СДСМ, ДУИ и Партијата на Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ морала да ги преземе работите во свои раце и да се вклучи во решавањето на кризата.

— реклама —

„Додека СДС беше зафатена со ширење хистерија и броење чешми низ државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од прв момент беше со граѓаните на Гостивар и ги презема сите мерки за надминување на кризата, а жителите секој ден бесплатно ги снабдуваше со вода“, рече Лефков.

— реклама —

Тој додаде дека надлежните институции постапиле и дека случајот се истражува, додека, според неговите информации, водата во Гостивар повторно е безбедна за пиење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryvle5a30ce9i72ESJSCs

Лефков: Филипче и „лојалистите“ повторно се вратија на политиката на поделби

Македонија | пред 1 седмица

media-library3i537g3oi4o39L2SJDh

Лефков: Македонија е лидер во спроведувањето на Реформската агенда, СДС, ДУИ и Левица го попречуваат изборниот процес

Македонија | пред 1 месец

media-libraryar7am7df3pgf8AfbBtI

Лефков: Целта на владината реконструкција е поефикасно функционирање на институциите

Македонија | пред 1 месец

media-librarypasoa00h0c9r7nFfzru

Лефков: Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања