Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина вреден 300 илјади евра“, вели Лефков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarymulmo8jrneinelTx3wb

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања кон поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, тврдејќи дека е осомничен за местење тендер вреден околу 300.000 евра и за примање поткуп од 2.000 евра.

— реклама —

Според Лефков, врз основа на јавно достапните информации, Богоев и поранешниот претседател на Општинската организација на СДСМ во Прилеп, Александар Спирковски – Џемо, договарале која фирма ќе го добие тендерот за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали.

„Со тоа директно овозможиле правен субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ поголем од 18 милиони денари“, изјави Лефков.

— реклама —

Тој додаде дека Богоев, покрај сомнежите за местење на тендерската постапка, се товари и за примање награда за противзаконито влијание во вредност од околу 2.000 евра.

— реклама —

Лефков оцени дека барањето за притвор за поранешниот директор на Царината укажува дека постојат сериозни докази во предметот и побара институциите целосно да го расчистат случајот.

„Очекуваме надлежните органи да ги разгледаат сите докази и овој случај да добие судска разрешница“, порача Лефков.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека ваквите случаи се дел од, како што наведоа, долгогодишната практика на СДСМ поврзана со афери, тендери и злоупотреби, додавајќи дека јавноста заслужува целосно расчистување на наводите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4sk2epuprinibIj1tuZ

Лефков: Шпекулациите за АЛТА банка ја загрозуваат стабилноста на банкарскиот систем

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-library77ke8e4artdn8yzAQfM

(Видео) Лефков ќе го пријавува Фрчковски: Нема играчки со оваа Влада, доаѓа тешко време за тие со пороци

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfp25jhtgimhs0uVbyWP

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Македонија | пред 2 месеци

media-library24ubprpnhmtlb1oaiUB

(Видео) Лефков: Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања