Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Богоев со иронија за мерките за напаѓачите од Ченто кои седум пати избодеа дете: „Од осмиот убод се брои изгледа“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Коментари
media-libraryrkh8s9uh47ai8qrtCpm

Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, иронично ја коментираше одлуката на Основниот кривичен суд, кој на тројцата осомничени за бруталниот напад врз 14-годишно момче во скопската населба Ченто им определи мерки на претпазливост, наместо притвор.

„Јас пак си викам притвор ќе им дадат ама ништо. Од осмиот убод се брои изгледа…“, напиша Богоев на социјалните мрежи.

— реклама —

Неговата реакција следува откако Судот ги прифати мерките предложени од Обвинителството, според кои на осомничените им е забрането да го напуштаат живеалиштето, имаат обврска повремено да се јавуваат кај надлежен орган, привремено им се одземени патните исправи, не смеат да го посетуваат местото каде се случил нападот и им е забранет каков било контакт со оштетеното дете и неговите родители.

Од Основното јавно обвинителство соопштија дека истрагата продолжува, се прибира целокупната медицинска документација, се очекува медицинското вештачење, а паралелно се преземаат и други истражни дејствија.

— реклама —

Нападот врз 14-годишното момче се случи на 22 јуни, а Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава 11 дена подоцна.

— реклама —

Богоев и самиот неодамна беше во фокусот на јавноста откако му беше определен 30-дневен притвор во предмет на Обвинителството за организиран криминал, но по жалба Кривичниот совет ја прифати гаранцијата од 55.000 евра и му го укина притворот, определувајќи му мерки на претпазливост.

media-libraryi0656ad2bfs0eGpjRoE

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrkh8s9uh47ai8qrtCpm

(Видео) Богоев со торби го напушти затворот во Шутка, откако обезбеди 55.000 евра за гаранција

Македонија | пред 1 месец

bogoev

Во Царина ќе се седи на „позлатен“ мебел? Избрана понуда од 10 милиони за столици и бироа, отфрлена фирма која ќе ги набавела за 3,8 милиони

Македонија | пред 2 години

bogoev-fileri

Богоев се пофали: Запленети се филери за усни и лице од Косовец, ги спакувал во куфер за да ги криумичари

Македонија | пред 2 години

apasiev-bogoev

Колку треба да си глуп, од нула до Стефан Богоев, да "заплениш" хартиени обврзници и да свикаш прес за да се избламираш, вели Апасиев

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања