Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео) Богоев со торби го напушти затворот во Шутка, откако обезбеди 55.000 евра за гаранција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryrkh8s9uh47ai8qrtCpm

Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, денеска го напушти затворот „Скопје“ во Шутка, откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција и го укина притворот.

— реклама —

Богоев од затворот излезе носејќи три торби, а пред установата го пречека неговата сопруга.

Претходно, Кривичниот совет ја уважи жалбата на Богоев и прифати гаранција во износ од 55.000 евра во денарска противвредност, која е депонирана како обезбедување за неговото присуство во текот на постапката.

— реклама —
— реклама —

Покрај гаранцијата, Судот му определи и мерки на претпазливост – привремено одземање на патната исправа и забрана за преминување на државната граница.

Богоев беше во притвор по отворањето на истрагата за наводни злоупотреби во постапка за јавна набавка во Царинската управа. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го товари за кривични дела поврзани со јавни набавки и коруптивни дејствија.

— реклама —

Истрагата за случајот продолжува, а Богоев во натамошната постапка ќе се брани од слобода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrkh8s9uh47ai8qrtCpm

Богоев со иронија за мерките за напаѓачите од Ченто кои седум пати избодеа дете: „Од осмиот убод се брои изгледа“

Коментари | пред 6 часа

— реклама —
bogoev

Во Царина ќе се седи на „позлатен“ мебел? Избрана понуда од 10 милиони за столици и бироа, отфрлена фирма која ќе ги набавела за 3,8 милиони

Македонија | пред 2 години

bogoev-fileri

Богоев се пофали: Запленети се филери за усни и лице од Косовец, ги спакувал во куфер за да ги криумичари

Македонија | пред 2 години

apasiev-bogoev

Колку треба да си глуп, од нула до Стефан Богоев, да "заплениш" хартиени обврзници и да свикаш прес за да се избламираш, вели Апасиев

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања