ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Бојан Маричиќ избран за претседател на ДИК со двотретинско мнозинство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 часа -

Македонија
maricic

Со двотретинско мнозинство, Собранието денеска го избра новиот состав на Државна изборна комисија. Од вкупно 92 присутни пратеници, 83 гласаа „за“ поранешниот министер за правда, кој беше и вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ да стане нов претседател на ДИК.

— реклама —

За потпретседател на Комисијата е избран Абдуш Демири, додека за членови на ДИК се избрани Александар Даштевски, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко, Ангелче Ристов и Дитмире Шеху.

За овие позиции беа пријавени вкупно 16 кандидати, меѓу кои најголем дел правници, но и кандидат со образование од областа на електротехниката, како и дефектолог.

— реклама —

Од граѓански активизам до клучни државни функции, ваква е во кратки црти политичката траекторија на Маричиќ. Тој станува политички поекспониран во 2016 година, како претседател на невладината организација Меѓународен центар за европско образование и активен поддржувач на „Шарената револуција“, период во кој често учествуваше во јавни дебати за евроатлантскиот курс на државата.

Во 2017 година е назначен за посебен советник за евроатлански интеграции на тогашниот премиер Зоран Заев, а подоцна активно учествува и во процесите поврзани со постигнувањето на Преспанскиот договор. По неговото изгласување во Собранието, Маричиќ беше именуван за главен технички преговарач со Европската Унија и шеф на техничкиот преговарачки тим во рамки на скрининг-процесот.

Маричиќ е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со дополнителни студии во Лондон и Амстердам. По враќањето во земјава, кратко време работел како асистент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а има и професионално искуство на проекти за француското Министерство за внатрешни работи, како и во невладиниот сектор.

Во јавноста беше актуелен и по сметките за гоштевање на државна сметка.

51826955455_428e5125a5_k

Маричиќ за гезмиња со бифтеци, печења, вина, ракии месечно трошел по една просечна македонска плата

Нема месец во кој Бојан Маричиќ како министер за правда не бил во ресторан на државна сметка. Од бифтеци и печења до свежи риби и јунешки мускули се плаќале со неговиот министерски потпис, објави „А1он“.На сметките исто така има и жолти ракии и висококвалитетни вина. Плаќал со службената картичка, но и на фактури што угостителските објекти ги доставувале до Министерството за правда.Само од податоците кои „А1он“ ги доби може да се заклучи дека за една година, од минатиот јануари до јануари оваа година, Маричиќ исплатил 313.603 денари или 5.000 евра за гоштавање. Сумата би била поголема ако во неа се пресметаат и трансакциите што се направени во евра.Повеќе: (ВИДЕО) Маричиќ за богатите гозби на државен трошок: Не се согласувам дека тоа е некаков проблем (a1on.mk)

Македонија | пред 3 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mirjana-najcevska

„Се исплашив дека ќе стават човек со интегритет“ – Најчевска за изборот на Маричиќ во ДИК

Коментари | пред 8 часа

dik

Членовите на изборните одбори сѐ уште без пари - ДИК и општините молчат, реагира Левица

Македонија | пред 2 дена

maricic-2

Маричиќ се враќа во игра како предлог за претседател на ДИК

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysk52tkolq6tp4oF0jIq

Следете ги официјалните изборни резултати - ВО ЖИВО

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања