Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Брачен пар пронајден мртов во заклучен стан во Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
policiska-lenta-policija-srbija-960x639

Шок го потресе белградски Врачар откако во четвртокот попладне во стан на улицата „Грчиќа Миленка“ биле пронајдени безживотните тела на брачен пар, пренесува српскиот „Телеграф“.

— реклама —

Станува збор за Д.М. (80) и неговата седум години помлада сопруга Ж.М. (73). Влезната врата била заклучена одвнатре, а откако бравата била отворена, спасувачите и роднините ги пронашле телата на сопружниците во една од просториите.

— реклама —

На местото пристигнале полициски екипи и екипа на Итната медицинска помош, која можела само да констатира смрт кај двајцата сопружници.

Според првичните наоди од увидот и проценките на форензичарите, на телата немало видливи траги на насилство што би упатувале на кривично дело или вмешаност на трето лице.

— реклама —

За случајот било известено надлежното обвинителство, кое наредило телата итно да бидат пренесени во Институтот за судска медицина. Обдукцијата и токсиколошките анализи треба да го утврдат точниот причинител на смртта, односно дали станува збор за природна смрт што настапила во исто време или за труење со гас.

— реклама —

Истрагата е во тек, а соседите велат дека брачниот пар бил мирен и повлечен и со неверување се обидуваат да утврдат што се случило зад заклучената врата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 20 часа

— реклама —
media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 1 ден

brnabikj

По станот во Белград, шефот на кабинетот на Брнабиќ купил и луксузен имот во Тиват

Балкан | пред 3 дена

policija-srbija

Го претепале до смрт сведокот за случајот со малата Данка Илиќ, уапсени осум полицајци во Србија

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања