„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Браќата од Тетово осомничени за пукањето се пуштени од притвор за 48 часа

објавено пред 1 година -

Македонија
pukanje-tetovo

Двете лица, браќа од Тетово, кои завршија во притвор поради пукањето пред тетовската болница каде беа повредени две лица, вчеравечер биле пуштени од затворот „Скопје“ во Шутка, дознава „Скопје1“. Тие зад решетки поминале 48 часа по барање на јавен обвинител, а притворот не е продолжен. Двајцата осомничени за пукањето се на слобода, додека за состојбата на жртвите засега е непозната.

— реклама —

„Скопје1“ попладнево побара одговори од Обвинителството – дали побарале продолжување на мерката притвор, но и зошто лицата се на слобода со оглед дека претходно поради можност за бегство и влијание на сведоци добија ефективен притвор. Оттаму нема одговор. Засега не е познато ниту дали е затворена предистрагата и дали е отворена истрага за случајот.

Тетовците кои завршија зад решетки се само двајца од четворицата осомничени во случајот со пукањето. Засега државните органи соопштија дека причината се нерасчистени фамилијарни односи. Пукањето беше пред Ургентниот центар на Клиничката болница. Едниот повреден беше во критична состојба.

— реклама —

Screenshot-2024-01-11-at-19.21.57

Крвава пресметка и пукање во Тетово - две лица погодени од куршуми, едното во тешка состојба

Крвава пресметка со пукање имало во Тетово, дознава „Скопје1“. Според првичните информации има тешко повредени лица. Едното лице кое е погодено, е во тешка состојба и итно пренесен со Брза помош во Клиничкиот центар во Скопје.„Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани. Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот. Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“Ова се втори пукотници во Тетово за две недели. Претходно, во Челопек, 60-годишен маж уби двајца роднини, а едно лице рани. Причината беше имотно-правни односи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-11-at-19.28.46

Уапсени четири лица за пукањето во Тетово, едно во бегство - МВР со детали

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (11 јануари) во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното (11 јануари) пукање со огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница кое се случило околу 18 часот и 5 минути, а во кое со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М.(41) и З.М.(36) од тетовското село Гајре.„За уште едно лице се преземаат мерки за пронаоѓање.Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања