Промени тема
Контакт

Бразил очекува рекордна жетва на кафе во 2026 година, но цените ќе останат високи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library6i13nmj0l5n60og0xNa

Бразил очекува рекордна жетва на кафе во 2026 година благодарение на поволните временски услови, соопшти државната управа за храна Conab.

Бразилските производители би требало во 2026 година да произведат 66,2 милиони вреќи кафе од по 60 килограми, што е за 17,1 отсто повеќе отколку во 2025 година. Ова би значело дека производството ќе ја надмине рекордната 2020 година кога беа произведени 63,1 милион вреќи.

— реклама —

Производството на сорта арабика би требало да порасне за повеќе од 20 отсто, на 44,1 милион вреќи, додека кај сортата робуста се очекува пораст од 6,4 отсто, на 22,1 милион вреќи.

— реклама —

„Продуктивноста е подобрена благодарение на поволните временски услови низ целиот циклус на културата, воведувањето технологии и добри практики за управување на полињата“, посочуваат од Conab.

Продукцијата по хектар се очекува да порасне за 12,4 отсто, на 34,2 вреќи, покажува извештајот објавен во четвртокот.

— реклама —

Водечкиот производител на арабика, Миннас Жераис, се очекува оваа година да произведе 32,4 милиони вреќи кафе, за 26 отсто повеќе отколку лани, благодарение на врнежите и здравите растенија. Водечкиот производител на робуста, Еспирито Санто, ќе го зголеми производството за девет отсто, на 19 милиони вреќи, благодарение на „добрата дождовна сезона“.

— реклама —

И покрај новиот рекорд во производството, цените на кафето можеби ќе останат високи, посочуваат од Conab.

Американското Министерство за земјоделство предвидува дека глобалната потрошувачка на кафе во тековниот циклус ќе достигне рекордни 173,9 милиони вреќи, додека залихите на крајот на сезоната повторно се очекува да бидат пониски отколку на почетокот, петта година по ред, и да се намалат на 20,1 милион вреќи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypiitt2fhl35s6GsaO2j

Бразил со 4:0 ја совлада Индија, Лино двапати стрелаше

Спорт | пред 21 час

— реклама —
media-libraryjiapoegukcvk89gRilR

Се маскирал во жена и бегал низ шума: Уапсен Бразилец осомничен за 16 убиства

Свет | пред 2 седмици

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Сериски убиец уапсен во Бразил, на полицијата ѝ рекол дека убил околу 80 луѓе

Свет | пред 2 седмици

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

САД воведуваат царини од 25 отсто за поголем дел од увозот од Бразил

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања