Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Брисел денеска ќе го оцени напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
makedonija-evropa-eu-mkd-2

Европската Унија денеска ќе ги објави годишните оценки за напредокот на земјите што се стремат кон членство, откако европската комесарка за проширување, Марта Кос, ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година.

— реклама —

Документот опфаќа десет земји кандидати и потенцијални кандидати, а Европската комисија во него ги анализира спроведените реформи, постигнатите резултати и предизвиците со кои се соочуваат државите во процесот на приближување кон Унијата. Извештаите содржат и препораки за идните чекори во евроинтеграциите.

— реклама —

Меѓу земјите што ќе бидат опфатени со оценките е и Македонија. Нејзиниот пристапен процес останува во застој поради условот за уставни измени, односно внесување на бугарската заедница во Уставот.

— реклама —

По објавувањето на пакетот, известувачите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ќе подготват посебни нацрт-резолуции за секоја земја. Во нив ќе бидат содржани ставови и препораки за понатамошниот напредок кон членство во ЕУ.

— реклама —

Пакетот за проширување се објавува еднаш годишно и претставува основен документ преку кој Европската комисија го следи и оценува напредокот на државите што сакаат да станат дел од Унијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryba0vtqnb4kqu8OmuwGQ

ЕУ со препораки до граѓаните: Подгответе резерви од храна и вода за најмалку 72 часа

Свет | пред 53 минути

— реклама —
media-libraryv3ckm3kqf3k3aaIP3Zg

ЕУ воведе нова такса од две евра по артикл за нарачките од Тему, Шеин и Алиекспрес, еве дали ќе ги погоди и купувачите во Македонија

Свет | пред 2 дена

media-libraryj4dr96mqr2fl720ppdD

Канада и ЕУ подготвуваат нов сојуз за заштита од економските притисоци на САД

Свет | пред 4 дена

EU-1

Пакетот е готов, Марта Кос открива кој ќе се приклучи на ЕУ и кога

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања