Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Британски министер: Сопругата на соборениот сириски лидер не е добредојдена во Британија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-12-08-at-09.34.12

Сопруга-Британка на соборениот сириски лидер Башар ал Асад е санкционирана личност и „не е добредојдена овде во Британија“, изјави министерот за надворешни работи Дејвид Лами.

— реклама —

Коментарите на Лами доаѓаат откако премиерот рече дека е премногу рано да се каже дали владата ќе и го одземе британското државјанство на Асма ал Асад.

— реклама —

Таа е родена во Лондон во 1975 година и пораснала и се школувала во градот. Се верува дека таа сега е во Москва, каде што побегнала сменетиот лидер. По брзиот колапс на режимот на Ал Асад, коалицијата на бунтовнички групи ја презеде контролата врз Дамаск во неделата.

Одговарајќи на прашања во долниот дом на парламентот во понеделникот вечерта, Лами рече: „Видов дека Асма Асад се споменува во изминатите неколку дена како некој со британско државјанство кој можеби се обидува да влезе во нашата земја и сакам да се потврди дека таа е санкционирана личност и таа не е добредојдена овде во Британија“.

— реклама —

Запрашан за можноста владата да и го одземе британското државјанство на Асма ал Асад, британскиот премиер Кир Стармер изјави за радиодифузерите: „Ние сме уште далеку од да одлучиме што било. Во моментов сме во ситуација која брзо се менува и затоа е многу важно за нас да продолжиме да разговараме со нашите сојузници за да се увериме дека она што ќе се случи понатаму е мирно“.

Британскиот министер за меѓувладини прашања, Пат Мекфејден, претходно во понеделникот изјави за програмата Today на BBC Radio 4 дека владата немала „никаков контакт или барање“ Асма ал-Асад да дојде во ОК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library62ffift6ugjo6txvDfG

Британците уапсија двајца осомничени за планирање напад врз американска база – се сомневаат во вмешаност на Иран

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library3cug5ap9b9p1btNQd79

Британија му се заканува на Израел: „Ќе бидат протерани“

Свет | пред 2 седмици

media-librarysif82d9m6m5h6XIJr9q

(Видео) Во Велика Британија работник со хокеарска палка се одбрани од разбојник со мачета

Свет | пред 3 седмици

media-librarydeovc8fn0ah85BKsrRr

Петмина уапсени под сомнение за тероризам во американска воздухопловна база во Британија

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања