Бритни Спирс изнервирана од документарците за неа: „Никогаш не сум била повеќе малтретирана“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Britney_Spears_Display_Getty_Images

Американската поп пејачка Бритни Спирс го изрази своето незадоволство од снимањето документарни филмови за нејзиниот живот, посочувајќи дека тие документарни филмови се од навредлив карактер и дека немаат позитивно влијание врз одлуката на судот да го прекине старателството што го имал нејзиниот татко над неа од 2008 година, објавија Американските медиуми.

— реклама —

Пејачката од 2008 година нема контрола врз финансиите со судска одлука, како и при носењето одлуки за некои важни прашања во нејзиниот живот.

— реклама —

Старателството конечно беше прекинато во ноември минатата година, а во јавноста се шпекулираше дека на ваквата одлука на судот влијаеле документарните филмови кои беа објавени за Спирс.

— реклама —

Пејачката сега изјави дека сите филмови за неа биле од навредлив карактер.

„Никогаш не сум се чувствувала повеќе малтретирана во оваа земја. Тоа е лудо… и ајде сериозно, дали е навистина легално да се снимаат толку многу документарни филмови за некого без негова дозвола??!“, праша Бритни Спирс на Инстаграм, додавајќи:

„Сериозно, размислете за тоа... Никогаш не сум видела толку многу документарни филмови направени на една личност... Вил Смит, Гвинет Палтроу, Џенифер Лопез... Ниту една личност на лицето на земјата не би сакала - зошто е ова важно - ископајте толку многу негативни снимки и направете посебни часови тврдејќи дека ми „помага“. Навистина?“.

За животот на американската ѕвезда за краток период беа снимени три документарни филмови: „Controlling Britney Spears“ на платформите EX и Hulu,

„Framing Britney Spears“ на Нетфликс и „Britney Spears“ на Би-Би-Си.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

(Видео) Ограбена Бритни Спирс, сè снимила и објавила

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Бритни Спирс повторно објави серија целосно голи слики, а потоа и видео за да докаже дека навистина е целосно гола

Магазин | пред 1 година

britney-spears-book-tgj-scaled-1-1200x817-1

Бритни Спирс ги тргна деловите во мемоарите во кои ги навредува мајка ѝ и сестра ѝ

Магазин | пред 2 години

Britney_Spears_Getty_2021

Автобиографијата на Бритни Спирс е книга од која треба да се плаши американскиот шоубизнис, велат издавачите

Магазин | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања