Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Брнабиќ најави: Новото Собрание на Србија ќе се конституира пред истекот на уставниот рок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 41 минута -

Балкан
media-librarysqadfg7rd4ahc6ZXFst
screenshot youtube

Вршителката на должноста претседателка на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, најави дека конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи многу пред истекот на уставниот рок.

— реклама —

Во објава на социјалната мрежа Икс, Брнабиќ порача дека јавноста треба да ги следи официјалните известувања од надлежните државни институции.

„Што се однесува до Собранието, следете ги само известувањата од надлежните државни органи. Седницата ќе се одржи многу пред истекот на уставниот рок“, напиша Брнабиќ.

— реклама —

Републичката изборна комисија на 5 ноември ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори, одржани на 25 октомври, со што започнаа да течат роковите за формирање на новиот собраниски состав. Според Уставот, конститутивната седница треба да се одржи најдоцна во рок од 30 дена од објавувањето на конечните резултати.

— реклама —

Според официјалните резултати, студентската листа освоила 140 пратенички места со 2.354.417 гласови, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ добила 103 мандати со 1.731.323 гласови. Два мандата освои Сојузот на војводинските Унгарци, а по еден мандат добиле листите на Расим Љајиќ, Усаме Зукорлиќ и СДА „Чувари на Санџак“.

На изборите учествувале 18 листи, а гласањето било повторено на 53 избирачки места. Право на глас имале 6.451.292 граѓани, а на гласање излегле повеќе од 4,4 милиони избирачи.

— реклама —

По конституирањето на новиот состав, ќе започне да тече рокот од 90 дена за формирање нова влада. Мандатите на пратениците се потврдуваат на првата седница, а новото Собрание се смета за конституирано откако ќе бидат потврдени мандатите на најмалку две третини од пратениците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

brnabikj

Тешки обвинувања од Брнабиќ: Планот бил Вучиќ да биде претставен како убиец на сопствениот народ

Балкан | пред 4 месеци

— реклама —
brnabikj

Брнабиќ во Прага: Ако станеме дел од Шенген просторот, тоа би ги зајакнало границите на ЕУ

Свет | пред 5 месеци

brnabikj

Брнабиќ: Ѓокиќ го повикав двапати на разговор – молчеше; „ја избегнуваат дебатата“

Свет | пред 6 месеци

vucic-brnabic

Брнабиќ: Вучиќ направи за Србија во 10 години она што други градат со генерации

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања