Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Бруно Фернандеш: Чест е што повторно играме со Роналдо на Светското првенство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Спорт
ronaldo-960x638-1

Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш изјави дека е голема чест повторно да игра заедно со Кристијано Роналдо на Светското првенство, истакнувајќи дека многу од сегашните репрезентативци пораснале следејќи ги неговите настапи.

— реклама —

Во пресрет на натпреварот против Демократска Република Конго, Фернандеш нагласи дека Роналдо и понатаму е максимално мотивиран кога настапува за националниот тим.

— реклама —

„Кристијано дебитираше на Светско првенство уште во 2006 година. Сите пораснавме гледајќи го како игра и за нас е голема чест што денес сме негови соиграчи во репрезентацијата. Сигурен сум дека и тој чувствува одредена возбуда, бидејќи настапува за својата земја на најголемата сцена“, изјави Фернандеш.

Тој додаде дека целиот тим е подготвен да му помогне на Роналдо и на Португалија да стигнат што е можно подалеку на турнирот.

— реклама —

„Тој е возбуден како и пред секое претходно Светско првенство. Сите сме тука за да го поддржиме и него и репрезентацијата“, порача португалскиот играч од средниот ред.

Португалија во добро расположение го очекува стартот на Мундијалот, откако во подготвителните натпревари ги совлада Нигерија и Чиле со идентични 2:1. За Кристијано Роналдо, пак, претстојниот натпревар ќе биде 226-ти настап во дресот на португалската репрезентација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

563795_epa-roberto-bregani-kristijano-ronaldo-epa_ls

Кристијано Роналдо стана единствениот фудбалер со богатство над две милијарди долари

Спорт | пред 1 ден

— реклама —
ronaldo-960x638-1

Кристијано Роналдо казнет со 30 дена суспензија поради напуштање на репрезентацијата

Спорт | пред 4 дена

ronaldo-960x638-1

Селекторот не го внел во игра,па се почувствувал навреден и го напуштил кампот: Каква казна го очекува Кристијано Роналдо?

Спорт | пред 2 седмици

media-librarygq4ic2r1m5dq4clUIcH

Зидан: „Имав голема среќа што му бев тренер на Роналдо“

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања