Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Брвеница избира нов градоначалник, на гласачкото ливче шест кандидати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
Izbori

Жителите на Општина Брвеница утре ќе избираат нов градоначалник на предвремените локални избори, распишани по смртта на дотогашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни 2026 година, на 58-годишна возраст.

— реклама —

Според податоците на Државната изборна комисија, денеска на гласање се 88 болни и изнемоштени лица.

— реклама —

За градоначалничката функција се натпреваруваат шест кандидати од четири политички блока и двајца независни кандидати. Стојанчо Радически е кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додека Јовица Радески е кандидат на коалицијата предводена од СДСМ.

Меѓу кандидатите се и независниот Душан Богдановски, Јакуп Усеини од коалицијата ВРЕДИ, независната кандидатка Арифе Идризи и Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција (НАИ).

— реклама —

Во изминатите месеци, функцијата вршител на должноста градоначалник ја извршуваше Роберт Милошески.

— реклама —

Избирачките места утре ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. Во избирачкиот список во десетте населени места во Општина Брвеница се запишани вкупно 16.256 избирачи. Од нив, 449 се на привремена работа во странство, додека девет избирачи се наоѓаат во затвор или во притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Во Брвеница гласале 1.480 граѓани, изборниот процес тече без посериозни проблеми

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
izbori

Излезноста во Брвеница 2,46 отсто до 9 часот, двојно помала од првиот круг во 2025 година

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Жителите на Брвеница денеска избираат градоначалник, право на глас имаат 16.256 избирачи

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања