Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во Брвеница гласале 1.480 граѓани, изборниот процес тече без посериозни проблеми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 11 часот гласале 1.480 граѓани, односно 9,11 отсто од запишаните избирачи. Излезноста е малку повисока во споредба со локалните избори во октомври минатата година, кога во истиот период гласале 8,34 отсто од избирачите, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ.

— реклама —

Маричиќ, заедно со уште четворица членови на ДИК, ја посети Брвеница и обиколи шест избирачки места, при што утврдиле дека гласањето започнало навреме, во 7 часот, и се одвива без посериозни проблеми.

— реклама —

Според него, изборниот материјал бил доставен навреме, а членовите на избирачките одбори биле соодветно обучени. Иако на некои избирачки места апаратите за идентификација не ги препознавале гласачите од првиот обид, немало поголеми застои и гласањето се одвивало во најдобар ред.

Најголема излезност досега е забележана на избирачкото место 2033, во основното училиште до општинската зграда во Брвеница. Таму се евидентирани 166 гласачи, додека на избирачкото место 2034 гласале 151, а на 2035 – 128 граѓани. На останатите избирачки места бројот на гласачи е помал од 100.

— реклама —

Најмала излезност, според податоците што ги соопшти Маричиќ, е забележана на избирачкото место 2046 во Гургурница, каде што гласале 12 граѓани.

— реклама —

Маричиќ потсети и дека ДИК ставила во функција бесплатна телефонска линија преку која граѓаните можат да добијат информации за прашања поврзани со остварувањето на избирачкото право.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

izbori

Излезноста во Брвеница 2,46 отсто до 9 часот, двојно помала од првиот круг во 2025 година

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Жителите на Брвеница денеска избираат градоначалник, право на глас имаат 16.256 избирачи

Македонија | пред 3 седмици

Izbori

Брвеница избира нов градоначалник, на гласачкото ливче шест кандидати

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања