Промени тема
Контакт

Буџетот за 2025 е ‘уличарски’ - наменет за прикривање на неспособноста на градоначалниците на ДПМНЕ, вели Мециновиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pratenici-sobranie-levica

На вчерашната седница на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од редовите на Политичката партија Левица, Амар Мециновиќ, се осврна на една од главните намери на Предлог-буџетот за 2025 година, односно финансирањето на општините за реконструкција на улици во пресрет на локалните избори. Оттука, пратеникот Мециновиќ Предлог-буџетот го нарече ‘уличарски: „По тоа што го слушнав од колегите од ВМРО – ДПМНЕ и од тоа што може да се види во Буџетот, ова нема да го кажам пежоративно туку описно – овој Буџет е ‘уличарски’! Милион улици набројавте“.

— реклама —

„Па од 2021 што ви правеа градоначалниците 3 години? Што прават градоначалниците на ДПМНЕ 3 години? Знам што прават! Муцунски чекаше да стане министер и го задолжи Аеродром... ете тоа прават. И сега, ќе дојдат на ребаланс на буџет, улици, овој крак, тој крак. Абе луѓе, 3 години сте на власт на локално ниво, сега ви текна за улици?“ – праша тој.

— реклама —

„Тоа значи дека во недостаток на визија, во недостаток на долгорочна економска политика, приоритетите на нашата Влада се да одговорат на изборната година и да освојат повеќе општини за и понатаму да може да продолжи агонијата на луѓето и испумпувањето на пари.“ – потенцираше пратеникот од Левица.

„Ова е реалноста – уличарски муабет кој има за цел да вбризга пари во единиците на локалната самоуправа за да се подобри позицијата во општините каде што, очигледно, се негативни резултатите на градоначалниците на владеењето на ДПМНЕ.

— реклама —

Значи, имаме општини каде што нема никаков развој и, еве сега, Собранието ќе ги поправа краковите на градоначалниците. Мислам, апсурдно!“ – нагласи Мециновиќ.

— реклама —

„Наместо да зборуваме за развивање на производството на државата, ние улици разговараме. Тоа е визијата на ДПМНЕ, дотаму одат. Тие гледаат во тромесечија. Тромесечие и максимум една година, ако е изборна година и тука завршува визијата.“ – поентираше пратеникот од Левица, Мециновиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања