Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Бугарија бара апсење на двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library7114t6m955a24WpeM72
Unsplash

Бугарските власти издале меѓународна потерница по двајца германски државјани осомничени дека запалиле антени на сателитскиот интернет-систем „Старлинк“ во близина на главниот град Софија, пишува Асошиејтед прес.

— реклама —

Судот во Софија го одобрил европскиот налог за апсење откако обвинителството соопштило дека осомничените го извеле планираниот напад во рок од само неколку часа, додека престојувале во Бугарија на 9 октомври. Тие се идентификувани како Тирпан Бејтула и Зека Ислам, а обвиненијата против нив се поднесени во нивно отсуство.

Според обвинението, три антени биле целосно уништени, две биле делумно оштетени, а пламенот предизвикал последици и врз уште три антени.

— реклама —

Осомничените наводно влегле во Бугарија со автомобил со германски регистарски таблички преку граничниот премин Калотина, а неколку часа подоцна ја напуштиле земјата преку истиот премин.

— реклама —

Одлуката на судот може да биде обжалена. Доколку бидат осудени, на двајцата мажи им се заканува затворска казна од три до 12 години.

Слични напади со палење антени, при што биле приведени осомничени лица, неодамна биле регистрирани и во Полска и Литванија. Властите во тие земји ја поврзале саботажата со Русија.

— реклама —

Украина ги користи антените на „Старлинк“ за воени комуникации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrt6mm24m76eqa8Ejdug

Кои земји го забранија Старлинк на Маск?

Магазин | пред 1 седмица

— реклама —
media-library7114t6m955a24WpeM72

„Старлинк“ повторно функционира во Украина по прекините што ги попречија воените операции

Свет | пред 4 седмици

media-library7114t6m955a24WpeM72

Европа нема брзо решение за „Старлинк“, Украина останува зависна од САД

Свет | пред 4 седмици

Mask1

Маск: Мерките за спречување на неовластената руска употреба на Старлинк даваат резултати

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања