Промени тема
Контакт

Маск: Мерките за спречување на неовластената руска употреба на Старлинк даваат резултати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
Mask1

Извршниот директор на компанијата SpaceX, Илон Маск, изјави дека мерките што компанијата ги презела за да ја спречи неовластената употреба на сателитскиот интернет-систем Старлинк од страна на Русија се покажале како успешни.

— реклама —

„Се чини дека чекорите што ги презедовме за да ја спречиме Русија неовластено да го користи Старлинк вродија со плод. Доколку е потребно да се направи уште нешто, информирајте нè“, напиша Маск на социјалната мрежа Икс.

— реклама —

Неговата изјава доаѓа откако Украина јавно потврди дека соработува со SpaceX со цел да се спречи користењето на Старлинк за воени цели од страна на руските сили. Украинскиот министер за дигитална трансформација и одбрана, Михајло Федоров, изјави дека Киев заедно со SpaceX работи на технички решенија кои ќе оневозможат управување со дронови преку овој систем.

Украинските власти претходно соопштија дека Старлинк бил пронајден на дронови со долг дострел, користени во руски напади, што предизвика сериозна загриженост за можната злоупотреба на западната технологија.

— реклама —

„Западната технологија мора да продолжи да му помага на демократскиот свет и да ги штити цивилите, наместо да се користи за тероризам и уништување на мирни градови“, напиша Федоров во објава на Икс.

Старлинк од почетокот на војната има клучна улога во одржувањето на комуникациите во Украина, а прашањето за неговата безбедна и контролирана употреба останува едно од најчувствителните во контекст на тековниот конфликт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Elon-Musk-loses-worlds-second-richest-ranking

Шивон Зилис и Илон Маск ставија крај на врската преку „Х“

Сцена | пред 1 седмица

— реклама —
ilon-mask-1

Илон Маск повторно се враќа во администрацијата на Трамп: Ќе го советува Пентагон за иднината на војувањето

Свет | пред 1 седмица

ilon-mask

Илон Маск ја нападна француската претседателска кандидатка: „Замолчете ја“

Свет | пред 2 месеци

ilon-mask

Компанијата xAI на Илон Маск тужи корисник поради злоупотреба на Grok

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања