Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Бугарија гласа: Излезноста до 18 часот достигна 19,8 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Балкан
media-libraryb9dli1v36cpnecj0Eyi

Излезноста на изборите во Бугарија до 18 часот изнесувала 19,8 отсто, покажуваат податоците од излезната анкета на социолошката агенција „Тренд“, спроведена по нарачка на телевизијата НОВА.

— реклама —

Вкупно 6.590.000 граѓани имаат право на глас и можат да избираат меѓу 27 кандидатски двојки за претседател и потпретседател. За 46.001 бугарски граѓанин ова се први избори на кои имаат право да гласаат.

— реклама —

Изборниот ден започнал во 7 часот, а треба да заврши во 20 часот. Доколку пред избирачките места има граѓани кои сè уште не гласале, гласањето може да биде продолжено најдоцна до 21 часот.

— реклама —

Во Бугарија има 9.373 избирачки места во кои се гласа со машина, а во 2.249 од нив се поставени по две машини. Вкупниот број машини за гласање изнесува 11.622.

— реклама —

За гласањето во странство се отворени 613 избирачки места во 60 држави. Во 242 од нив се гласа со машина, а во 24 има по две машини. Најмногу избирачки места во странство се предвидени во Обединетото Кралство – 82, Турција – 78, Германија – 70, Шпанија – 67 и САД – 44.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryigravshfotktf7bjCFs

Бугарија оди во втор круг: Јотова и Ѓуров со тесна разлика, излезноста рекордно ниска

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
ilijana-jotova

Неизвесни избори во Бугарија, води актуелната претседателка

Балкан | пред 2 седмици

media-libraryug0kmu08foj7e4hvocU

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг од претседателските избори во Бугарија

Балкан | пред 2 седмици

media-library7bsm2g4jek1qb9httov

Пијан претседател на избирачка комисија во Бугарија разрешен среде изборен ден

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања