Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг од претседателските избори во Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Балкан
media-libraryug0kmu08foj7e4hvocU

Илијана Јотова и Андреј Ѓуров се пласираат во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, покажуваат првичните процени на неколку социолошки агенции. Јотова има предност во сите објавени процени, додека Ѓуров е на второто место.

— реклама —

Според агенцијата „Алфа рисрч“, Јотова освоила 35,3 отсто од гласовите, а Ѓуров 32,4 отсто. Костадин Костадинов е трет со 12,6 отсто, пред Радостин Василев со 4,1 отсто, Ивелин Михајлов со 3,5 отсто и Иван Христaнов со 2,2 отсто.

— реклама —

„Маркет линкс“ ѝ дава на Јотова 32,2 отсто, а на Ѓуров 31,6 отсто. Според оваа агенција, Костадинов има 13,5 отсто, Василев 4,4 отсто, Михајлов 3,5 отсто, а Христaнов 2,5 отсто.

Процените на „Галъп“ покажуваат 36,6 отсто за Јотова и 31,8 отсто за Ѓуров. Костадинов е трет со 15,7 отсто, додека Василев има 3,1 отсто, Михајлов 2,7 отсто, а Христaнов 2,6 отсто.

— реклама —

Според „Мјара“, Јотова освоила 35,2 отсто, Ѓуров 32,2 отсто, а Костадинов 13,4 отсто. Василев има 3,9 отсто, Михајлов 3,2 отсто, а Христaнов 1,6 отсто.

Првиот круг од изборите го одбележала и рекордно ниска излезност, а првичните процени укажуваат дека резултатот на Јотова е послаб од очекуваниот. Сепак, објавените бројки се процени на социолошките агенции и не претставуваат конечни официјални резултати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryigravshfotktf7bjCFs

Бугарија оди во втор круг: Јотова и Ѓуров со тесна разлика, излезноста рекордно ниска

Свет | пред 1 час

— реклама —
ilijana-jotova

Неизвесни избори во Бугарија, води актуелната претседателка

Балкан | пред 1 час

media-libraryb9dli1v36cpnecj0Eyi

Бугарија гласа: Излезноста до 18 часот достигна 19,8 отсто

Балкан | пред 2 часа

media-library7bsm2g4jek1qb9httov

Пијан претседател на избирачка комисија во Бугарија разрешен среде изборен ден

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања