Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Бугарија порача дека е отворена за дијалог откако Муцунски побара посредување од ЕУ во разговорите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
1-5

Бугарија изразува подготвеност за конструктивен дијалог со Македонија и оценува дека прашањето за нејзиното пристапување кон Европската Унија треба да се разгледува во рамките на европските институции.

— реклама —

Ова е наведено во ставот на бугарското Министерство за надворешни работи, објавен по изјавите на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дека Македонија сака во идните разговори со Софија да биде вклучен и претставник на Европската Унија.

— реклама —

Од бугарското Министерство посочуваат дека ја поддржуваат работата на Европската комисија во процесот на преговори со земјите кандидатки, притоа нагласувајќи дека добрососедските односи се еден од основните услови за напредокот во европската интеграција.

Во ставот се наведува и очекување Македонија да ги исполни преземените обврски, додека Бугарија повторно ја нагласува својата поддршка за европскиот пристапен процес.

— реклама —

Муцунски, во интервју од Њујорк, оцени дека меѓу Скопје и Софија постои сериозен недостаток на доверба. Тој посочи дека за време на Генералното собрание на Обединетите нации немало работни разговори меѓу македонските и бугарските делегации.

Според Муцунски, за Македонија е важно во идните разговори со Бугарија да има и учество на Европската Унија. Тој појасни дека не е од суштинско значење дали станува збор за европски институции или за одделни земји членки, туку дека е потребно присуство на дополнителен фактор кој би помогнал во градењето доверба меѓу двете страни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5harqe7l9t2tfbvRJBI

(Видео) „Брука“: Автобуси од Македонија со поддржувачи на Вучиќ тргнале кон митингот во Ниш, па застанале да уринираат покрај автопат

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryocadhgvj2dks651gdsg

„Не сакам да се откажам од мојата крв, од моите претци, а се прави се' да треба да бирам страна“: Стојановска предупредува на растечката омраза меѓу Македонците и Бугарите

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryq03i454uh7b6dtwWGn0

Македонија поевтина за странците, но сè поскапа за домашните граѓани

Македонија | пред 1 седмица

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-04-5900PM

Македонија меѓу побезбедните дестинации во светот според мапата на ризици за 2027 година

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања