Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Чаир не смее да се врати во рацете на човекот кој за 20 години ја претвори општината во приватна фирма за лично богатење, вели ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
208629925_2853807214947928_6912460377458792794_n

„Граѓаните на Чаир добро знаат кој е Изет Меџити и неговиот послушник Висар Ганиу“, велат од ДУИ и додаваат:

Знаат дека за време на нивните мандати, општината стана синоним за криминал, корупција и целосен хаос.

Знаат дека наместо да живее меѓу луѓето за кои наводно се грижи, тој удобно живее во Бутел, а Чаир го гледа само како поле за лични бизниси и брзи пари.

— реклама —

Меџити треба да одговори колку милиони евра влегле во нивните џебови од оваа корупција со градењето на диво?

И дали со тие пари Меџити планира да се обиде да прави поткуп за изборите што секако нема да го спаси.

— реклама —

Меџити на овие избори не се бори за чаир и граѓаните туку за својот сопствен бизнис интерес.

Ако имаше интерес за граѓаните во изминатите 20 години ќе направеше нешто.

За време на неговото владеење, од дивоградби и сомнителни легализации криминално беа украдени 225 милиони евра.

— реклама —

Ниту еден голем инфраструктурен проект, ниту едно трајно решение за проблемите на граѓаните – само згради, бизниси и договори за неговата мрежа на луѓе.

Затоа Меџитит знае дека нема поддршка од Албанците и мора понижено да ја бара раката на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Седнат во скут на Мицкоски, се надева дека со платената пропаганда на вмровските портали ќе го спасат од пораз.

Но Чаир не заборава, а чаирчани нема да дозоволат со парите стекнати преку криминал Изет да го поништи нивниот глас. Ни со украдените милиони нема да ја избрише вистината за неговите 20 години уништување на општината.

Граѓаните на Чаир заслужуваат да живеат во општина без хаос, без корупција и без луѓе кои ја гледаат општината само како банкомат за лични интереси. На 19 октомври, време е за крај на ерата на дивоградби, криминал и уцени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања