Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

„Чарлиевите ангели“ добиваат нов филм: Култната франшиза повторно на големото платно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
media-library833h498187aie1cP7kq

Sony Pictures повторно ја оживува популарната франшиза „Чарлиевите ангели“.

Студиото развива нова филмска верзија на акционата авантура за трите приватни истражителки, а за пишување на сценариото е ангажиран Пит Кијарели, потврди The Hollywood Reporter.

— реклама —

Проектот е во рана фаза на развој, а засега не е познато кој ќе го продуцира. Сепак, еден извор за THR наведува дека Дру Баримор и нејзината продукциска куќа Flower Films, се враќаат и за овој филм.

Култната серија „Чарлиевите ангели“ првично била криминалистичка драма што се емитувала на телевизијата ABC од 1976 до 1981 година. Серијата станала феномен на поп-културата и ги прославила главните актерки Фара Фосет, Кејт Џексон и Џеклин Смит, а на продуцентот Арон Спелинг му помогнала да се етаблира како едно од најголемите имиња на телевизијата.

— реклама —

Дејството ја следело приказната за три исклучително талентирани детективки кои работат за агенцијата Townsend, во сопственост на мистериозниот Чарли Таунсенд, кого публиката никогаш не го видела. Како посредник меѓу него и детективките служел Џон Босли.

Франшизата повторно оживеа во 2000 година кога студиото Columbia, во сопственост на Sony, сними филм во режија на McG, со Дру Баримор, Камерон Дијаз и Луси Лиу во главните улоги. Филмот постигна огромен успех, заработувајќи 264,1 милион долари ширум светот, што денес би изнесувало околу 493 милиони долари. Три години подоцна следеше продолжението „Чарлиевите ангели: Полн гас“.

Обидот за оживување на франшизата на телевизија во 2011 година не беше успешен и серијата беше откажана по само седум епизоди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library09mmqtu9nbug9UHKVoA

(Видео) Хоророт „Backrooms“ со рекордна заработка на премиерата

Магазин | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryousgre6osp74bhajZYw

Ќе се снима биографски филм за Слаткар

Магазин | пред 1 седмица

media-library7kilmpt6ic437kwdojS

(Видео) Објавен првиот трејлер за „In The Hand Of Dante“ со Оскар Ајзак и Џејсон Момоа

Магазин | пред 1 седмица

media-librarycsgcg2qeb1tg6RqFG2R

„Оф кампус“ стана новата опсесија на љубителите на романтични серии

Магазин | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања