Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Чарлс ја заврши посетата на САД со средба со Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryu1qhad0s8n0qbZEJ6KL

Британскиот крал Чарлс и кралицата Камила ја завршуваат својата четиридневна државна посета на САД со кратка посета на Белата куќа, каде што ќе се простат од американскиот претседател Доналд Трамп, кој веќе беше домаќин на свечена вечера за нив пред два дена.

— реклама —

Официјалната цел на кралската посета е одбележување на 250-годишнината од американската независност од британската колонијална власт. Посетата, исто така, имала цел да ги зајакне односите меѓу двете земји, кои кралот Чарлс ги опишал како „нераскинлива врска“ и „неопходен сојуз“.

— реклама —

И покрај неодамнешните тензии околу одбивањето на Обединетото Кралство да се приклучи на воениот конфликт меѓу САД и Израел против Иран, односите меѓу Лондон и Вашингтон се оценуваат како стабилизирани. Трамп, иако критичен кон британскиот премиер Кир Стармер, изјавил дека има добри односи со кралот Чарлс, кого го нарекол „голем пријател“.

— реклама —

За време на посетата кралскиот пар оддаде почит на жртвите од терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк, положувајќи цвеќе кај споменикот на местото на поранешниот Светски трговски центар.

— реклама —

Чарлс се очекува да положи венец и на Националните гробишта Арлингтон, додека кралскиот пар ќе присуствува и на настан во сојузната држава Вирџинија, по што ќе отпатува за Бермудите, во рамките на продолжението на неговата турнеја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryukt29lv5lpm41zr2p4K

Хакерски упад во тајната база на ФБИ, Трамп спомена можни нови сознанија за „руската измама“

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп бара „Енвидија“ да го врати Џенсен Хуанг на чело на компанијата

Свет | пред 14 часа

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Британските партии се дистанцираат од Трамп: Фотографијата со Путин предизвика остри реакции

Свет | пред 1 ден

media-libraryr3ol6428dv1nfzdQFDZ

(Видео) Трамп го поврза своето разбирање на науката со семејното потекло: „Можеби сум генетски благословен“

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања