Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Час поскоро треба да добиеме одговори и да се почне со санација на мостот Беласица, вели Јанчева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
20230518214657

Ситуацијата со мостот во близина на молот Ист геј е за вонредна седница, за да се најдат одговори и да започне неговата санација час побрзо.

— реклама —

Ова го исткна советничката во Град Скопје, Љубица Јанчева од редовите на СДСМ во телевизиско гостување на Телма.

- Ние побаравме вонредна седница по информацијата дека една од сметките на Град Скопје е блокирана. Тоа е прашање за кое час поскоро треба вонредна седница. Нашето барање, согласно деловникот, беше потпишано од најмалку една третина членови на советот. Доставено беше во понеделникот, а уште нема абер. Таквото однесување е недопустливо, одговорноста тука ја барам од претседателот на Советот - рече советничката во Град Скопје од СДСМ, Љубица Јанчева во „Вин-вин“ на Телма.

— реклама —

Таа додаде дека кога има барање за вонредна седница, тогаш претседателот на совет е должен да ја закажа, а оправданоста на тоа барање се гласа дополнително.

- Вчера добивме информација дека најран термин за вонредна седница е 27 мај. Тоа се 15 дена од барање, што е период за две редовни седници. Потребна е вонредна седница и за мостот кај Беласица исто така час поскоро - рече Јанчева.

Советничката истакна дека Советот на Град Скопје треба да дискутира, да донесе заклучоци и да даде задолженија на градоначалничката во врска со опожарениот мост.

- Ваквата ситуација е прашање за вонредна седница. Час поскоро треба да добиеме одговори и да се почне со санација на мостот - рече Јанчева, која додаде дека не може градоначалничката да се обвини за пожарот, но тоа не значи дека Град Скопје не треба ништо да прави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања