Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Чави: Среќен сум, ова е еден од најубавите моменти како тренер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Спорт

Фудбалскиот тренер на Барселона, Чави Ернандез истакна дека неговите играчи одиграле комплетен натпревар и заслужено стигнале до четвртфиналето од Лигата на шампионите.

— реклама —

Барселона на „Монтјуик“ го победи Наполи со 3:1 (2:1) и по четири години се најде меѓу осумте најдобри екипи на Стариот континент.

„Беше комплетен натпревар, горд сум на играчите. Тимот беше многу добар, агресивен, под висок притисок. Многу добра одбрана, бевме одлични. Навивачите уживаа, 3:1 против голем ривал не се случајни. Веќе кажав дека ќе направат чекор напред со моето заминување на крајот од сезоната. Луѓето не ми веруваа и велеа дека ќе ја загубам соблекувалната. Добивме многу нефер критики“, изјави Чави.

— реклама —

Тој откри и што им порачал на играчите да ги опуштат пред реваншот со италијанскиот тим.

— реклама —

„Има голем притисок врз играчите, живот или смрт, ултиматуми... Им реков да се смират, дека денес никој не умира. Имаше многу нефер критики. Среќен сум, ова е еден од најубавите моменти како тренер. Ја чекаме ждрепката, со ентузијазам и желба да влеземе во полуфиналето“, објасни Чави.

Тој беше прашан и дали овој резултат влијае на неговата одлука да го напушти каталонскиот тим на крајот од сезоната.

— реклама —

"Тоа не менува ништо. Ова е премногу емотивно. Чекор по чекор. Многу сум среќен. Одигравме комплетен натпревар, доминиравме во многу моменти. Ние сме меѓу осумте најдобри во Европа. Време е за уживање". - изјави Чави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryta6ouhu7c3v78u43Jtr

Мурињо откри дали брадата му носи среќа пред Ел Класико

Спорт | пред 2 седмици

— реклама —
media-library5odsev01qor28PWHJZq

Мбапе доби зелено светло од Реал, дали се подготвува изненадување за „Златната топка“?

Спорт | пред 2 седмици

media-librarykthm4fckl1lb2xnwFXE

(Видео) „Двојните стандарди мора да престанат“: Озил упати порака до ФИФА

Свет | пред 2 седмици

media-library98ltv1m2m1v82yfCkaG

Почина Бо Јохансон, селекторот што ја одведе Данска до историското четвртфинале на СП 1998

Спорт | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања