Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Цената на струјата барем да ја задржиме иста, а зошто да не и се обидеме да ја поевтиниме, рече Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryg95i2mmv3ocdd9pToZT

Цената на електричната енергија за домаќинствата би можела да остане на сегашното ниво, а во најдобар случај и да се намали, најави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Штип.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека се подготвува нова методологија со која ќе се настојува да се задржи актуелната цена на електричната енергија, но и да се создадат услови за нејзино поевтинување.

— реклама —

„За струјата правиме методологија да се обидеме, ако ништо друго, барем да ја задржиме истата цена, а зошто да не и се обидеме да ја поевтиниме“, изјави Мицкоски.

Премиерот посочи дека откако е на власт актуелната Влада нема зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Тој оцени и дека состојбата во енергетскиот сектор е стабилна и дека се очекува стабилна зима, и покрај предизвиците на меѓународниот пазар.

— реклама —

Мицкоски како еден од предизвиците ја посочи енергетската криза поврзана со војната на Блискиот Исток.

— реклама —

„И покрај тоа што сме во пикот на најголемата енергетска криза која човештвото ја памети, а тоа е војната во Арапскиот Залив, и покрај сите тие предизвици, денеска ако ме прашате, јас можам да кажам дека состојбата е стабилна, ќе имаме стабилна зима“, оцени премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 19 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања