Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Цените на енергијата во Германија скокнаа за 14,9 отсто за една година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
stack-money-coin-with-trading-graph

Сè поголем број компании во Германија планираат да ги зголемат цените на своите производи и услуги поради растот на трошоците за енергија, покажува извештајот на минхенскиот Институт за економски истражувања „Ифо“.

— реклама —

Индикаторот за очекувањата за цените во септември се зголемил на 22,7 поени, во споредба со 21,4 поени во август. Од „Ифо“ оценуваат дека компаниите сè повеќе ги пренесуваат повисоките трошоци за енергија врз крајните потрошувачи.

— реклама —

Горивата и мазутот веќе значително поскапеле, а во текот на зимата се очекува дополнителен раст на цените на електричната енергија и гасот. Најголем притисок е забележан во индустријата со висока потрошувачка на енергија и во трговијата.

Во септември цените на суровата нафта, гасот и електричната енергија достигнале највисоки нивоа од крајот на 2022 година.

— реклама —

Во меѓувреме, според прелиминарните податоци на германскиот Завод за статистика, годишната инфлација во земјата во септември забрзала на 3,3 отсто, од 2,9 отсто во август. Тоа е највисоко ниво од декември 2023 година.

Потрошувачките цени на месечно ниво пораснале за 0,6 отсто, при што главен фактор бил новиот раст на цените на енергенсите. Енергијата во септември била за 14,9 отсто поскапа во споредба со истиот месец минатата година, што претставува забрзување во однос на августовскиот раст од 10,5 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryurfltrld9rrn7iQrfQg

(Видео) Силно невреме ја погоди Германија: Тешко повредени, урнати дрвја и прекини во железничкиот сообраќај

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryfmf297qm0efodpCHC5O

Гори „Орловото гнездо“ на Хитлер: Историскиот објект во пламен, полицијата приведе осомничен

Свет | пред 4 часа

media-libraryrtpt3m49fhtr7gBB81P

„Џенерали“ ќе укине 800 работни места во Германија до 2030 година

Свет | пред 20 часа

media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

Незадоволството на младите ја тресе Европа: Насилни протести во повеќе земји, Германија стравува од ескалација

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања