Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Цените на гасот во Европа нагло паднаа по договорот меѓу САД и Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX
unsplash

Цените на природниот гас во Европа значително се намалија откако САД и Иран постигнаа согласност за текстот на меморандумот за разбирање, кој треба да стави крај на војната и да овозможи повторно отворање на Ормускиот Теснец.

— реклама —

На холандската дигитална берза TTF, мегават-час гас за испорака во јули попладнево се тргуваше по цена од 43,55 евра, што претставува пад од 7,4 проценти во однос на крајот на минатата недела. Тоа е и најниската цена на гасот од почетокот на мај.

— реклама —

Пазарите позитивно реагираа на најавата дека американско-иранскиот меморандум за прекин на конфликтот на Блискиот Исток би можел да биде потпишан во петок. Пред избувнувањето на војната, низ Ормускиот Теснец минуваа околу 20 проценти од светската нафта и течен природен гас.

Според иранската новинска агенција „Тасним“, преговорите за конечниот текст на меморандумот завршиле непосредно пред неговото објавување. Извор близок до разговорите навел дека Вашингтон и Техеран имале несогласувања околу одредбите поврзани со Ормускиот Теснец, поради што во последен момент биле направени измени во документот.

— реклама —

Како дел од договореното, Иран и Оман ќе обезбедуваат услуги за поморска навигација во теснецот, а воведен е и 60-дневен мораториум за наплата на надоместоци за бродовите што ќе минуваат низ овој стратешки важен воден пат.

По истекот на овој период, според истиот извор, Иран планира да започне со наплата на одредени услуги за бродовите што транзитираат низ Ормускиот Теснец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 16 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 1 ден

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања