Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Цените на нафтата повторно растат поради тензиите во Ормускиот теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library06n17o41rd039MbAVnX
unsplash

Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска повторно забележаа раст, приближувајќи се до 73 долари за барел, поради зголемената загриженост кај инвеститорите за безбедноста на пловидбата низ Ормускиот теснец.

На лондонскиот пазар цената на барел сурова нафта во попладневните часови достигна 72,97 долари, што претставува зголемување од 98 центи во однос на крајот на минатата седмица. На американскиот пазар, пак, барелот поскапе за 1,14 долари и се тргуваше по цена од 70,73 долари.

— реклама —

Нервозата на пазарите ја поттикна новата размена на ракетни напади меѓу САД и Иран во Персискиот Залив. Иран минатата седмица ги предупреди бродовите што пловат низ Ормускиот теснец строго да се придржуваат до утврдените пловни коридори, наведувајќи дека пловидбата надвор од нив не е безбедна.

— реклама —

Претходно, Оман соопшти дека, во координација со Меѓународната поморска организација, воспоставил две привремени поморски рути северно и јужно од коридорот дефиниран од Иран.

Дополнителна загриженост предизвика и ракетниот напад врз товарен брод во близина на Оман, по што Меѓународната поморска организација го прекина координираното доброволно придружување на бродовите во Персискиот Залив.

— реклама —

Во меѓувреме, Вашингтон и Техеран постигнаа договор за прекин на непријателствата и за продолжување на техничките разговори, но неизвесноста околу нормализирањето на пловидбата низ Ормускиот теснец останува висока.

— реклама —

Аналитичарите предупредуваат дека, доколку во наредните денови не се зголеми бројот на бродови што минуваат низ теснецот, пазарите би можеле повторно да реагираат со пораст на цените. Според нив, ризикот за глобалното снабдување со нафта и натаму е значителен.

Дополнителен оптимизам кај инвеститорите предизвика обновувањето на товарењето на нафта на терминалот Рас Танура од страна на саудискиот нафтен гигант „Сауди Арамко“, по четиримесечен прекин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta

Нафтата со најголем неделен пад од 2020 година, „брент“ се спушти под 91 долар

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Цените на нафтата се намалија по стравувањата од ескалација на Блискиот Исток

Свет | пред 1 седмица

evra

Скапата нафта и храната ја најавуваат 2027 како уште една година на високи трошоци за живот

Свет | пред 2 седмици

nafta-mazut

Нафтата поевтини: „Брент“ падна под 115 долари за барел

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања