Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Червар официјално во Пелистер: Се вратив во мојата втора татковина, во Битола ќе ја завршам мојата тренерска кариера

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-library3klj9r9onidjdWKry9o

Со порака дека Битола е град каде ракометот се живее и доживува како религија, новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Лино Червар, денеска и официјално го започна своето ново поглавје во македонскиот ракомет.

Искусниот хрватски стратег, кој потпиша тригодишен договор со битолскиот клуб, истакна дека враќањето во Македонија по осум години за него претставува посебна чест и откри дека токму во Битола планира да ја заврши својата богата тренерска кариера.

— реклама —
— реклама —

Червар најави напорна работа и голема борба во домашниот шампионат, притоа нагласувајќи ја важноста на соработката и ривалството меѓу македонските клубови.

— реклама —

Чест ми е да работам во Битола. Ова е град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата втора татковина и тука ќе биде крај на мојата кариера, а тоа е најубаво во градот каде ракометот е религија. Да го работиш она кое го сакаш е најголемата среќа на човекот. Видов дека постои желба кај луѓето од Битола да дојдам и го прифатив тоа. Ќе имам тешка задача, конкуренцијата е голема, ама мораме да одиме позитивно. Мора да ги пофалиме конкурентите, Вардар кој се разбуди и оди со крупни чекори, потоа и Охрид кој освои европска титула, мора да бидеме пријатели и да соработуваме, ама да има и борба. Македонија е мала земја, мора сите да бидеме едни за други, изјави Червар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhn6hhu68he3r80wgFq1

Еурофарм Пелистер доби нов тренер: Червар потпиша тригодишен договор

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања