Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Еурофарм Пелистер доби нов тренер: Червар потпиша тригодишен договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
media-libraryhn6hhu68he3r80wgFq1

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со новиот тренер на РК Еурофарм Пелистер, Лино Червар, кој официјално ќе биде претставен како предводник на битолскиот ракометен клуб.

— реклама —

Червар потпиша тригодишен договор и по петгодишна пауза повторно се враќа на тренерската работа.

— реклама —

„Му посакав добредојде и многу спортски успеси нему и на ракометарите на клубот“, објави Коњановски.

Станува збор за еден од најтрофејните ракометни стратези во историјата. Седумдесет и петгодишниот Червар, роден во Умаг, Хрватска, во својата богата кариера беше олимписки и светски шампион со хрватската репрезентација, а ја предводеше и македонската репрезентација.

— реклама —

Зад себе остави значаен белег и во РК Металург, каде што беше препознатлив по работата со млади ракометари и создавањето нови репрезентативци. Меѓу играчите чиј развој се поврзува со него се и Филип Кузмановски, Мартин Талевски и Мартин Дрогришки.

— реклама —

На средбата со Коњановски присуствувале и претседателот на клубот Зоран Стерјев, потпретседателот Бојан Стерјев и спортскиот новинар Зоран Мишевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3klj9r9onidjdWKry9o

Червар официјално во Пелистер: Се вратив во мојата втора татковина, во Битола ќе ја завршам мојата тренерска кариера

Спорт | пред 3 седмици

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања