Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Четири лица меѓу кои и малолетници фатени зад волан без дозвола, полицијата ги одзеде возилата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryl83rfetao1pedcgre47
Илустрација / Скопје1

Четири лица, меѓу кои и двајца малолетници, биле лишени од слобода во сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Тетово поради управување возила без да се стекнат со право на управување, со што сториле кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Според СВР Тетово, на 14 јуни 2026 година во 14:30 часот на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово било сопрено возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од селото Копанце. Малолетникот бил лишен од слобода, а возилото било одземено.

— реклама —

Дваесет минути подоцна, на магистралниот пат Гостивар–Стража, кај Новоселски мост, било сопрено патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.М. (32) од селото Врапчиште, кој возел без возачка дозвола. И тој бил приведен, а возилото му било одземено.

Во 18:35 часот на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициските службеници лишиле од слобода уште еден 17-годишен малолетник од Тетово, кој управувал мопед „априлија“ без возачка дозвола. Во присуство на родител, инспектор за малолетничка деликвенција и адвокат по службена должност бил извршен службен разговор, а мопедот бил задржан.

— реклама —

Подоцна, во 20:40 часот на улицата „Иво Рибар Лола“ во Тетово, бил сопрен мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од Р.Ш. (18) од Тетово, исто така без возачка дозвола. Тој бил лишен од слобода, а мопедот бил задржан.

— реклама —

По целосното документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 14 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 14 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања