Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Четири случаи на семејно насилство за едно деноноќие, едно лице приведено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

Во текот на изминатото деноноќие Министерството за внатрешни работи евидентирало четири случаи на семејно насилство, при што едно лице е лишено од слобода, а со две лица е извршен службен разговор.

— реклама —

Во Гостивар, 28-годишна жена од гостиварско село пријавила дека нејзиниот сопруг Ф.А. во нивниот дом физички ја нападнал неа и нивниот 10-годишен син, при што употребил и тврд предмет. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

Во друг случај, во СВР Тетово, 28-годишен жител на село во гостиварско пријавил дека бил физички нападнат од својата баба. И за овој настан се преземаат соодветни мерки.

— реклама —

Во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници извршиле службен разговор со Ј.А. (39) од скопско и В.П. (36) од Скопје, по пријава дека во семејниот дом физички го нападнале 68-годишниот татко на Ј.А. По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

— реклама —

Во Кавадарци, пак, полициски службеници ја лишиле од слобода 38-годишната З.С., откако била пријавена дека физички го нападнала својот 38-годишен сопруг во семејниот дом. За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото целосно расчистување против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 2 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 2 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања