Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Четворица обвинети за кражба и сквернавење на гроб на Бутелските гробишта, краделе бронзена биста од гробот на Стале и Бранка Попови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
media-library6ucods7hhl2d1dZMKO7

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица осомничени за тешка кражба и сквернавење гроб, кривични дела казниви по член 236 и член 400 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според обвинителството, осомничените на 17 септември влегле на градските гробишта во Бутел и дошле до алејата на заслужни граѓани. Со употреба на сила ја откорнале и урнале бронзената биста со два човечки лика во седечка положба, поставена на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска.

— реклама —

Иако бистата била зацврстена со анкери, тие ја разурнале и ја оштетиле платформата на гробното место, со што го осквернавиле гробот. Потоа бистата ја влечеле до жичаната ограда каде претходно направиле отвор, преку кој ја изнеле и ја натовариле во автомобил со намера да ја присвојат.

— реклама —

Проценетата вредност на бистата, која е во сопственост на наследничка на починатите, изнесува околу 320.000 денари.

— реклама —

Поради тежината на делото и опасноста од бегство, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор за сите четворица осомничени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryusoaotm4okl41nid1sT

Неофицијално: Обвинителката која го гони судијата со парите во ѕид е нова шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Бомба, два пиштоли и 240 куршуми кај скопјанец – најден и клуч од мотор поврзан со убиство, објави Обвинителството

Македонија | пред 4 седмици

vozacka-1

Поднесено обвинение за фалсификуваните возачки дозволи: Под лупа уште 21 лице

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања