Промени тема
Контакт

Четврта недела без питка вода во Гостивар – сè уште нема конкретен датум за решение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15
Photo by Swanky Fella on Unsplash

Квалитетот на водата во Гостивар постепено се подобрува, но таа сè уште не е исправна за пиење, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според него, надлежните институции активно работат на надминување на проблемот и се координираат околу мерките што треба да се преземат за целосно подобрување на состојбата.

Дел од експертите вклучени во процесот на прочистување на водоводната мрежа очекуваат проблемот да биде надминат. Сепак, тие укажуваат дека понатамошното одржување на квалитетот на водата ќе зависи од локалните институции и од преземањето соодветни мерки за да не се повтори состојбата.

— реклама —

Од Центарот за јавно здравје во Гостивар за Телевизија 24 информирале дека состојбата континуирано се следи и дека институцијата е во координација со Кризниот штаб.

— реклама —

Во меѓувреме, состојбата со водата предизвика и нови политички реакции, при што партиите продолжија со меѓусебни обвинувања околу проблемот и начинот на кој надлежните институции се справуваат со него.

Проблемите со водоснабдувањето во Гостивар траат подолг период. Дел од граѓаните и претходно се соочувале со недостиг на вода во домовите, а во јавноста беа отворени и прашања поврзани со недостигот од инфектолози во гостиварската болница.

— реклама —

Во меѓувреме, државниот правобранител побара граѓаните да бидат ослободени од плаќање на сметките за вода сè додека проблемот со водоснабдувањето не биде надминат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 2 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања