Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Четири скршени ребра и крварење во главата – тешко повредената гостиварка е во стабилна состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 минути -

Македонија
media-libraryddpfv5sl5raeeAh4K1M
Photo by Olga Kononenko on Unsplash

Здравствената состојба на 42-годишната жена од гостиварското село Топлица, која беше тешко повредена во нападот за кој е осомничен нејзиниот сопруг, во моментот е стабилна. Таа е свесна и контактибилна, но останува на интензивно лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

— реклама —

Директорот на ТОАРИЛУЦ, доктор Игор Мерџановски, соопшти дека жената била примена со повреди на градниот кош и главата. По направените испитувања биле утврдени скршеници на седмото, осмото, деветтото и десеттото ребро, делумен пневмоторакс, мала плеврална ефузија и мало крварење во главата.

— реклама —

Според претходните информации од Обвинителството, нападот се случил на 27 ноември во семејниот дом во Топлица. Педесет и двегодишниот сопруг, според сомневањата на обвинителството, со физичка сила и остар предмет повеќепати ја удирал жената по главата, лицето и телото, со намера да ја лиши од живот.

Случајот го пријавил таткото на осомничениот, по што жената била пронајдена во бесознание и пренесена во болница. При апсењето, осомничениот давал отпор и нападнал полициски службеници, при што повредил еден од нив.

— реклама —

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка за убиство во обид при вршење семејно насилство и побара притвор за осомничениот.

— реклама —
media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

Ја удирал со остар предмет, ѝ скршил ребра и ја оставил без свест – истрага за обид за убиство на жена во Гостиварско

Со повеќе убодни рани, скршени ребра и тешки телесни повреди, жена била пронајдена без свест во семејниот дом во гостиварското село Топлица, откако, според сомневањата на Обвинителството, нејзиниот 52-годишен сопруг се обидел да ја убие. Случајот во полиција го пријавил таткото на осомничениот.Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 52-годишникот поради основано сомнение дека извршил кривично дело убиство во обид, при вршење семејно насилств

Македонија | пред 47 минути

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

Ја удирал со остар предмет, ѝ скршил ребра и ја оставил без свест – истрага за обид за убиство на жена во Гостиварско

Македонија | пред 47 минути

— реклама —
media-libraryfsscaqv8tcu278CtbhT

Мажот кој ја претепа сопругата, која се бори за живот, е пренесен во Психијатриска болница во Скопје

Македонија | пред 6 часа

ambulanta

Скршени ребра и крварење во главата: Жена претепана од сопругот е во животозагрозувачка состојба на КАРИЛ – мажот е приведен

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања