Промени тема
Контакт

„Чибишев ја уништува Токсикологија за градење импровизиран ургентен центар“, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
photo_2024-11-12_09-05-13

„ВМРО-ДПМНЕ деновиве промовира изградба на ургентен центар како дел од Клиниката за токсикологија како модерен и функционален простор. Овој проект, како донација од 400.000 евра на Комерцијална банка и Алкалоид, беше потпишан годинава во февруари со поранешниот министер Фатмир Меџити, кој беше дел од владата на СДС и ДУИ. Од реакциите на персоналот во Клиниката, станува збор за непочитување на стандардите и оневозможување на развој на научната дејност во Клиниката“, велат од Левица.

— реклама —

„До Левица пристигнаа низа реакции од здравствената и академската фела за несоодветниот пристап во формирањето на Ургентен центар. Имено, концептот на „оддвоени“ хируршки и интернистички ургентен центар не постои во ниту една друга држава во светот! Вообичаено при тријажа на пациенти кои имаат ургентни состојби, лекарите одлучуваат дали понатамошниот третман ќе биде од страна на лекар специјалист по интернистички или по хируршки болести.

— реклама —

Како што наведуваат вработените од Клиниката за токсикологија, во сите држави функционира исклучиво единствен ургентен центар, каде на едно место се решаваат сите случаи со што се овозможува брз, сеопфатен и рационален пристап кон третманот на пациентите. Дополнително, новиот импровизиран ургентен центар се гради во просториите на Универзитетската клиника за токсикологија, со што значително се редуцираат капацитетите на Клиниката.

— реклама —

Именувањето на Чибишев за директор е контроверзно од неколку аспекти, со оглед на тоа што тој е поранешен претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, за неговиот избор за професор на УГД постојат сериозни сомнежи дека е незаконски. Односно, со партиски и несоодветни именувани кадри во здравствените установи, јавното здравство ќе продолжи да тоне и со новата влада на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ.

— реклама —

Ја известуваме јавноста дека Левица подготвува амандмански интервенции за предлог-Буџетот на Република Македонија за 2025 година, кои ќе овозможат соодветен Ургентен центар како посебна зграда во комплексот Клиника „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопшти Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања