Промени тема
Контакт

Цигара предизвика жестока расправија на плажа во Будва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
Screenshot-2025-07-23-at-09.05.42

Обична цигара на плажа во Будва се претвори во причина за жестока расправија меѓу две туристки, а приказната предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Според сведоштвото на една од нив, таа седела на својот пешкир под чадор за сонце и запалила цигара кога жена, која била сместена зад неа, почнала да се жали дека чадот ѝ пречи и упатила навредливи зборови.

Туристката тврди дека не сакала да ја продлабочува расправијата и останала смирена, посочувајќи дека на тој дел од плажата пушењето не е забрането.

— реклама —

Во својата објава таа напиша дека на соговорничката ѝ рекла дека плажата е доволно голема и дека може да се премести доколку чадот ѝ пречи. Додаде и дека не сакала да се расправа, иако, како што наведува, добила навредливи зборови. Во објавата напиша и дека оние на кои им пречи чадот можат да одат на одмор во Грција или Албанија.

Нејзината објава беше споделена на страницата „Подгорички времеплов“, по што следуваа бројни коментари и спротивставени ставови.

— реклама —

Дел од корисниците застанаа на страната на жената на која ѝ пречел чадот, истакнувајќи дека луѓето доаѓаат на море за да уживаат во чист воздух, а не во чад од цигари.

— реклама —

Други, пак, сметаат дека, бидејќи пушењето на таа плажа е дозволено, секој што му пречи чадот можел едноставно да се премести, наместо да влегува во расправија.

Случајот повторно отвори дебата за тоа каде завршува правото на личен избор, а каде започнува обврската за почитување на другите посетители на јавните плажи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2efc7vo1tsgn3j1l04Q

(Фото) Десингерица итно хоспитализиран по настапот во Будва

Магазин | пред 1 месец

— реклама —
media-library6ej5v5rhc4vdfu645Pc

Будва ја понесе титулата омилен геј град

Патувања | пред 6 месеци

media-libraryc5pulguctnf1bxPqBB7

(Видео) Убиен висок член на Шкаљарскиот клан кај Будва, бил застрелан преку шофершајбната на возилото

Балкан | пред 11 месец

Screenshot-2025-08-15-at-23.01.48

Распишана потерницата по 18-годишниот Македонец, кој се обиде да убие член на мафијашки клан

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања